top of page

Изјава за приватност

ПРИ ВРШЕЊЕ НА
ВИДЕО НАДЗОР

Оваа Изјава за приватност при вршење на видеонадзор го објаснува видот на лични податоци што Друштво за трговија и услуги ЏЕВАХИР РЕТАИЛ ГРУП ДООЕЛ Скопје, со ЕМБС 7729642 и со седиште на ул.„Матеја Матевски“ бр.20/303, Скопје - Аеродром, Република Северна Македонија (во натамошниот текст: „Контролор“), ги собира од вас при посета на Просториите на подружниците на Контролорот и како Контролорот ги користи овие податоци. 

1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?  

Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели): 

  • да се контролира пристапот до Просториите преку кои Контролорот ја врши својата дејност, и да се обезбеди сигурност на просториите, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имотот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите; 

  • за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до просториите со ограничен пристап, до ИТ инфраструктура или до оперативни информации; и 

  • да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад) 

Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица. 

Системот за видеонадзор, исто така, не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага). 

Камерите за видеонадзор се инсталираат во просториите на подружниците на Контролорот и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат во просториите на подружниците на Контролорот, вклучително и пред влезот на истите. 

Системот со видеонадзор ја опфаќа областа во просториите на подружниците на Контролорот. 

 

2. Какви податоци собира Контролорот? 

Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање. 

 

3. Кој е одговорен за обработка на податоците? 

Контролорот е субјектот кој ја врши обработката на личните податоци и кој ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци.  

 

4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор? 

Контролорот врши видео надзор за: 

  • заштита на животот и здравјето на луѓето, 

  • заштита на сопственоста, 

  • заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата и 

  • обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од Просториите. 

Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци. 

Покрај тоа, на влезот на Контролорот, има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на Контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор. 

 

5. Кој може да ги види моите лични податоци? 

До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор (на пример: членовите на безбедносниот персонал на Контролорот или од ангажираната Агенција за приватно обезбедување).  

Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица).  

До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на Контролорот. 

 

6. Можам ли да пристапам до моите податоци? 

Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно. 

 

7. Може ли да ги менувам моите податоци? 

Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор. 

 

8. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци? 

Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време, кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие, исто така, можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага. 

 

9. Дали можам да ги избришам моите податоци? 

Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време, кога обработката е незаконска. 

 

10. Дали имам право на приговор? 

Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време, кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето. 

 

11. Како можам да ги остварам своите права? 

 

а) Првиот чекор е да испратите барање до Контролорот и неговиот офицер за заштита на лични податоци по електронска пошта на hayriye@cevahir.com.tr или со писмен допис на внимание на Друштво за трговија и услуги ЏЕВАХИР РЕТАИЛ ГРУП ДООЕЛ Скопје на адреса ул.„ Матеја Матевски“ бр.20/303, Скопје - Аеродром, Република Северна Македонија. 

б) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки. 

 

12. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор? 

Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот. 

 

13. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица? 

Вашите податоци се чуваат кај Контролорот и може да бидат споделени со надлежни органи. 

14. Безбедност на личните податоци 

Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина. 

15. Колку долго ги чуваме вашите податоци? 

Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци најмногу 30 календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат. 

bottom of page